Леб за сите, лек за сите, правда и мир за сите… Па, „мерцедесот од Груевски“ за амбулантни возила, бесплатно задравство низ цела ЕУ… Па, гушкање на бетонот од ГТЦ, па боја по тазе варосаните „фасади на режимот“…
Па, денес ги нема шарените револуционери кои го тормозеа Скопје и цела Македонија со пароли за (лажен) живот што денес го живееме.
Една фотографија, во спомен на сите „подигнати борци“ на шарената револуција, кои сркнаа чорбиче за пеевче, а денес молчат како бруцош кој не знае ниту едно од трите прашања на испит! И на сите „паднати борци“ од шарената револуција под стандардот што го имале тогаш, а кои денес низ Скопје бараат леб за смрзнати 33 денари.
(Д. Г.)