Владата на премиерот Зоран Заев денеска се пофали со последниот проект на Владата на Република Србија, вчерашното пуштање на делницата од автопатот од коридор 10 низ Грделичката клисура до македонската граница.

– Премиерот Заев на свеченото пуштање во употреба на Коридор 10: Намалувањето на физичката, временската дистанца, меѓу главните градови на С. Македонија и Србија е соодветна на пријателството и блискоста меѓу нашите народи. Коридорот 10 сега е вистинска eвропска вредност на поврзување и комуникација, објави Владата на Заев.

Заев доби покана за учество и во пуштањето во употреба на уште еден автопат, од Косово до македонската граница.