(фото) ВЛАСТА ГО БРИШЕ НАРОДОТ ГО ЦРТА: Чичко Симе, дедо Живе и Цане го нацртаа Сонцето од Кутлеш на карпа од 30 метри

/ 31.10.2020

На социјалните мрежи деновиве се споделуваат фотографии од еден интересен момент кој речиси ги направи горди сите Македонци.

Имено станува збор долгогодишна желба на чичко Симе, Дедо Живе и Цане која пред неколку дена се остварила, а тоа е да го нацртаат сонцето од Кутлеш на камен чија должина е 30 метри.

Еден од тројцата чичко Симе речиси макотрпно малку по малку пешки го носел материјалот на планината каде е направено ова ремек дело.

Сонцето е направено на Бушева планина во Крушево, на местото викано шестар.

Инаку чичко Симе редовно може да се забележи како пешачи на Водно, а со години макотрпно ја пошумува планината и до сега има насадено над стотици и стотици дрвца.

Секоја чест!

Извор: Курир


Од истата категорија