Заедно со борците од НОБ и нашите најмлади, го одбележуваме Денот на Европа и победата над фашизмот, порача министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

– Обединети и единствени околу европските вредности. Нека ни е честит Денот, се вели во пораката што Шеќеринска ја објави на Фејсбук.

Со пораката се објавени и повеќе фотографии на кои премиерот и министрите се во друштво со најстарите, како што е наведено „со борците од НОБ“.

Веројатно има уште доста живи борци, долговечни, ако се има предвид дека војната завршила во 1945 година. Тоа значи пред 74 години, а ако тогаш борците биле полнолетни сега најмладите треба да имаат над 90 години.

Но, малку е спорно, употребата за политички цели, на најмладите, на децата. На фотографијата јасно се гледа дека премиерот, министри и други функционери се фотографираа со деца.

Денот е голем, но сепак децата повеќе ги личи да се фотографираа со своите учителки отколку помешани со политичарите. Но, тоа нека остане за организациите кои се занимаваат со правата и заштитата на децата.