Воената вежба „Одлучен удар“ на Армијата заедно со уште пет земји-членки на НАТО испраќа порака дека сме подготвени и воено и политички за членство во НАТО, изјави премиерот Зоран Заев, преку својот официјален Фејсбук профил.

– Горд сум на нашата војска, бидејќи демонстрираше еднаква подготвеност во вежбовни активности. Горд сум на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат. Знам, дека ќе ги исполниме сите очекувања – да имаме достоинствена и горда Армија, која рамо до рамо со нашите сојузници ќе се грижи за мирот во светот и ќе продолжи да го гарантира мирот во светот, напиша Заев.

Забележливо е тоа што никаде не спомна дека „таа војска“ е македонската војска, АРМ, односно Армијата на Република Македонија.