Според сајтот на Собранието на Република Македонија, односно на Република „Северна“ Македонија, нашата земја била „Северна“ уште од 2008 година, иако на денешен ден лани беше потпишан предавничкиот договор со Грција, а подоцна со уцени беше сменет и Уставот со што станавме „северни“.

Ова преименување очигледно е извршено деновиве, па на пример, седницата од 30 декември 2016 година по изборите од 16 декември истата година, сега е „Седница бр. 1 на Собранието на Република Северна Македонија“.

Вакво ретурширање на историјата имаат правено Советите во времето на Сталин, па и подоцна, кога, штом некоја личност ќе паднела во немилост, ја бришеле од фотографиите со лидерот. Ете, дојде време тоа ретуширање да се случува и кај нас.

Или за 28 септември 2009 година е закажана „Седница бр.74 на Собрание на Р. Северна Македонија закажана на 28.09.2009 год. во 11:00 часот“.

Впрочем уверете се сами: