Загаденоста на воздухот во Македонија е на алармантно високо ниво на црната топ листа во светот, на која Скопје денеска е на трето место.

Веќе со денови, градови од Македонија се најзагадени во светот.

Граѓаните се гушат и апелираат до власта да започне со преземање на мерки со кои ќе се спречи загадувањето.
Граѓаните на социјалните мрежи апелираат дека време е власта да се разбуди, за да не биде како минатата година кога граѓаните се гушеа во загадениот воздух, а надлежните си ја префрлаа одговорноста од институција на институција.

Инаку, со намалувањето на температурите, се очекува и загаденоста да биде зголемена.

Македонија има огромни проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, Куманово, но загаденост е присутна и во другите градови.