Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој се наоѓа во тридневна посета на Чешка, даде поддршка за објавата на премиерот Зоран Заев, кој пак од одмор вчера на Фејсбук објави дека е распишан тендерот за тн. зелена нафта за земјоделците.
Во македонската делегација, на чие чело е министерот Николовски, е и Љупка Митрова, за која медиумите тврдат дека е кумашинка на Заев, која пак објави фотографии од тридневната работна посета на Чешка каде присуствувале и на Националниот саем за сточарство во Брно. Таа на Инстаграм има над 100.000 следачи.
Триесет и едногодишната Митрова, мајка на две деца, велат е голем поддржувач на кумот Заев и редовно му ги честитала сите негови успеси.
Поддршка од Николовски за земјоделците и за зелената нафта е објавена на неговиот профил на Фејсбук.