Фотографија на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со девојчиња што плачат денеска ја разбранува светската јавност и медиумите.

Севернокорејскиот лидер го посетил Дворецот на учениците во Пјонгјанг, каде локалните медиуми го фотографирале. На една од фотографиите се гледа како Ким седи на столица, со рацете прекрстени на градите. Околу него има девојчиња во гимнастичарска облека и речиси сите плачат.

Околу него има најмалку 30 деца и ниту едно не се смее.

Севернокорејските медиуми соопштија дека тоа е реакција на ученичките на посетата на високиот функционер кој „кај нив предизвикува голема почит“.