На социјалните мрежи се шири фотографија за која се тврди дека е фалсификувана и на која се гледа стара детска игра на овчарчиња, но на фотошопирана децата наместо старите капи носат бели кечиња.

– Албанците научија школо од Бугарите… Од желба да се претстават староседелци на туѓа земја Македонија, започнаа со фалсификати! На сликата се македонски деца на Шар Планина, па албански фалсификатори со фотошоп им ставаат кавкаски бели капчиња, за да ги прикажат како албански, а Попова Шапка како албанско место! Вистината е дека Албанците започнуваат да се населуваат во Македонија последниве 100 години, пишува во објавата на својот профил Петар Богоевски.

Инаку, деновиве, актуелно е противењето на владејачката партија ДУИ, како и на Општина Тетово, на поставувањето на крстот на црковен имот на Попова Шапка.

(Подготви: Д. Г.)