Две лица загинаа, а 20 се повредени во денешниот пожар што изби во францускиот скијачки центар Куршевел.
Огнот изби во раните утрински часови и ги принуди 60 вработени во одморалиштето да се евакуираат.
На местото на несреќата присутни се околу 70 пожарникари.
Се уште не е позната причината за пожарот.