Во шумскиот пожар што ја опустоши околината на популарното одморалиште Сен Тропе на Азурниот брег загина едно лице, соопштија денеска локалните власти.
Ова е прва жртва на најголемиот пожар летово во Франција.
Во противпожарната акција денеска се вклучени повеќе од 1.200 пожарникари.
Среде летната сезона, избувна пожар недалеку од местото за одмор на автопатот, а огнот се прошири на повеќе од 5.000 хектари.
Силен сезонски ветер од Средоземното Море ги разгорува пламените јазици.