Франција е првиот финалист на Светското првенство во Русија, откако вечерва во Санкт Петербург со минимални 1:0 ја совлада Белгија.
Во првото полувреме Белгијците имаа поголема контрола на теренот и извршија посилен притисок врз францускиот гол, но сепак и покрај шансите на двете страни на паузата се замина без голови.
На почетокот на второто полувреме Самуел Умтити и донесе победа на Франција со голот постигнат во 51-та минута.
Белгија се обидуваше, но не успеа до крајот на мечот да постигне израмнувачки гол.
Вториот патник во финалето ќе биде познат по натпреварот меѓу Англија и Хрватска, кој се игра утре од 20 часот во Москва.
МИА