Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој 17 години бранеше за Јувентус, го сподели своето мислење за можна преселба во Торино на Кристијано Роналдо.

– Нема да бидам изненаден ако Роналдо се пресели во Јувентус. Од таков расплет ќе бидам среќен. Тоа е она што му е потребно на клубот. Јувентус има потреба од нови идоли, изјави Буфон.

Според италијанските медиуми, трансферот на Роналдо во Јувентус може да се објави во следните 48 часа.

За денес е најавена средба на агентот на португалскиот репрезентативец Хорхе Мендес со раководството на Реал на која ќе се дискутира за иднината на неговиот клиент.