Фудбалерите на Вардар претпладнево заминаа кон ерменскиот главен град Ереван, на првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа против Пјуник.

Стручниот штаб на „црвено-црните“ одреди 22 фудбалери кои ќе конкурираат за настап на натпреварот: Филип Гачевски, Филип Илиќ, Методија Велковски, Горан Попов, Тигран Барсегјан, Евгениј Новак, Максим Максимов, Владица Брдаровски, Матеј Цветаноски, Тодор Тодороски, Алекс Талески, Јован Попзлатанов, Кристијан Тошевски, Николас Херанц, Коста Манев, Дарко Мицевски, Филип Најдовски, Али Адем, Бесар Исени, Јакуп Бериша, Кларенс Битанг и Вилијан Лира.

Натпреварот ќе се одигра в четврток со почеток во 16 часот по македонско време.