Културните собири (спектакли, претстави, концерти, итн.) на кои има повеќе од 5.000 лица ќе бидат повторно одобрени, од 15 август од префектурите ако се почитуваат „одредени здравствени услови“, се вели во соопштението на Министерството за култура на Франција, јави дописникот на МИА од Париз.
За да можат да се одржат овие собири, потребно е растојание меѓу седиштата меѓу две лица или групи на луѓе, како и носење маска, потсетува Министерството, по објавувањето на указот на крајот на јули, најавувајќи можни одобрувања за сите собири.
Од 1 септември годинава може да се одржуваат спектакли, фестивали, концерти, како и саеми и изложби, без ограничување на бројот на учесниците и без посебно одобрување од префектурата.
Нови информации за здравствените мерки ќе бидат достапни околу 24 август, велат од Министерството, додека различните сектори на изведувачките уметности продолжија да алармираат за одржливоста на нивните активности, поради забраната на големите собири предизвиката со кризата со коронавирусот.
Ова одобрување доаѓа откако претставниците на здравствените власти предупредуваат од опасноста од втор бран и почитување на мерките на растојание, како и воведувањето на обврската за задолжително носење на маските и на отворени јавни места.