Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев во телефонски разговор се заложија за одржување тесна координација, соопшти Елисејската палата.
Француското претседателство соопшти дека Макрон ќе има средба и со ерменскиот премиер Никол Пашинјан на маргините на самитот на Франкофонијата на 19 ноември во Тунис.
Официјални лица на Ерменија и Азербејџан одржаа разговори во понеделникот во Вашингтон под покровителство на САД, неколку часа по новите воздушни напади на границата. Неколку стотици луѓе загинаа во конфликтот во последните месеци.
Во разговорот со Алиев, Макрон го поздрави ефектот од стабилизирање на ситуацијата со пристигнувањето на мисијата на Европската унија во близина на границата со Азербејџан.
– Претседателот ја изрази целосната подготвеност на Франција да го следи процесот на нормализација на односите меѓу Ерменија и Азербејџан и да работи на политичко решение што ќе овозможи воспоставување мир на долг рок, додаваат од Елисејската палата.