Претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Ебрахим Раиси во телефонски разговор се заложија за посилна билатерална соработка, соопшти Кремљ.

– Путин и Раиси разговараа за голем број прашања за билатералните односи, со акцент на интензивирање на соработката на политичко, економско и трговско ниво, се наведува во соопштението на руското претседателство.

Кремљ додаде дека претседателите разговарале и за областа на транспортот и логистиката, додека руската и иранската економија се под строги санкции од западните земји.