Крајнодесничарската француска политичарка Марин Ле Пен денеска со огромно мнозинство е реизбрана за лидер на партијата „Национален собир“, јави телевизијата БФМ.
Изборот се одржаа за време на 17-от Конгрес на партијата во Перпињан .
Според резултатите од гласањето, повеќе од 98 отсто од членовите на партијата гласаше за реизборот на Ле Пен за нејзиниот четврти мандат.
Марин Ле Пен ја предводи партијата од 2011 година и беше единствениот кандидат за оваа функција.