Планот на украинското Министерство за одбрана жените на парадата по повод 30-годишнината од независноста на земјата следниот месец да маршираат со чевли со потпетици место со воени чизми, наиде на незадоволство во земјата.

Опозициската пратеничка Ирина Герашченко изјави дека потегот претставува сексизам, а не еднаквост, пренесува Би-Би-Си.

Украина се подготвува на 24 август со парада да ја одбележи 30-годишнината од независноста, по распадот на СССР.

Министерството за одбрана на Украина објави дека чевлите со потпетиците за жените во армијата се дел од свечената униформа.

Многумина остро го искриткуваа планот, барајќи од министерот за одбрана, Андриј Таран, да се извини за одлуката.

-Приказната за воената парада во потпетици е срамна, изјави воениот коментатор Витали Портников, додавајќи дека воените официјални претставници имаат „средновековен“ став.

Во моментов, во украинската армија служат 31.000 жени, од кои 4.000 се офицерки.