Француската Влада ги зајакнува плановите за хаотичен Брегзит и министерката за европски прашања Орели де Моншален предупреди дека Велика Британија веројатно ќе ја напушти ЕУ без договор.
Моншален изјави денеска дека е „очигледно веројатно“ Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31 октомври без никаков план како да се справи со трговијата, патувањето и прекуграничното работење.
Таа рече дека за Брегзит „постојано се разговара“ со британските претставници и дека договорот за излез постигнат од поранешната премиерка Тереза Меј со Брисел „се уште е на маса“.
Моншален одби да ја коментира суспензијата на британскиот Парламент до средината на октомври.
Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер вчера се состана со својот британски колега и рече дека е „фундаментално да се одржи тесна соработка со Велика Британија“ и покрај Брегзит, особено во борбата против тероризмот и управувањето со миграциите.