Вооружен маж е убиен од страна на полицијата во Монфаве, во близина на Авињон откако со пиштол ги нападнал полицајците.

Според француското радио Јуроп 1 мажот извикувал Алах акбар и им се заканувал на минувачите.

Тоа е втор напад денеска во Франција,што би можел да биде поврзан со тероризам, откако уртрово во Ница напаѓач уби три лица, меѓу кои и една жена која ја обезглавил.