Претседателот Емануел Макрон денеска ќе ги презентира приоритетите на надворешната политика на Франција пред француските амбасадори во Париз.
Темата на „амбасадорската конференција“, која ќе трае до среда, е „Останување во одбрана на нашите принципи, интереси и солидарност“. Во знак на солидарност со Украина, почесен гостин на овој 29-ти настан е украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Се очекува во говор пред дипломатите во Елисејската палата, францускиот претседател повторно да се осврне на актуелната криза во Нигер, каде во петокот вечерта хунтата го протера францускиот амбасадор во Ниамеј.
Пучистите во Нигер кои веќе еден месец во претседателската палата го држат во заробеништво претседателот Мохамед Базум, ги осудија воените договори меѓу Нијамеј и Париз.