Парискиот обвинител изутринава потврди дека починало уште едно лице, кое беше повредено во нападот во Стразбур, јави МИА.

Тоа е трета жртва од терористичкиот напад. Уште едно, четврто лице, се наоѓа во состојба на мозочна смрт. Потрагата по осомничениот за нападот продолжува.

Претходно, локалните медиуми шпекулираа со бројот на жртвите. Тие објавија дека во нападот загинале прво четири, а потоа три лица, а 14 се повредени, од кои неколкумина се потешко.