Во Париз денеска почнаа нови протести поради зголемувањето на цените на горивата, кои демонстрантите во жолти елеци ги нарекуваат „втор чин“, по минатонеделните демонстрации.
Француските власти распоредија 3.000 припадници на безбедносните сили за да спречат евентуални нереди. Освен тоа, мобилни тимови, наведувани со хелектоптери ќе бидат подготвени за веднаш да интервенираат во случај на насилство во Париз или при обид на блокадите во периферијата, истакна началникот на париската полиција Мишел Делпијек.
На денешните протести, на социјалните мрежи свое учество најавија околу 36 илјади луѓе.
И во другите француски градови, како што се Лион, Лил, Тулуз и Лимож најавени се собири и блокаде на наплатните рампи на сообраќајниците или во трговските зони.