Францускиот премиер Жан Кастекс ќе побара регионалните избори, кои се закажани за март 2021 година, да се одложат на три месеци поради пандемијата на коронавирусот.

Кабинетот на премиерот денеска соопшти дека Кастекс ќе предложи изборите да се одржат во јуни следната година.

Франција, со 1,9 милиони случаи на Ковид-19, е четврта земја во светот според бројот на заразени.

Моментно во државата се во сила рестриктивни мерки поради спречување на ширењето на коронавирусот.