Францускиот Државен совет денеска одлучи дека безбедносните сили во таа земја имаат право да ги употребуваат спорните лансери на гумени топки, во обид да го контролираат протестот на „жолтите елеци“.

Оваа одлука на највисокото административно тело во Франција е донесена еден ден пред одржувањето на 12-от по ред саботен протест на „жолтите елеци“ ширум државата.

Некои синдикати и демонстранти бараа да се забрани употребата на таквото оружје поради бројните повреди, понекогаш и сериозни, предизвикани од ударот на гумените топки.