Француските власти потврдија дека е упасен потенцијален екстремист поврзан со нападот на канцеларијата на сатиричниот весник Шарли ебдо во Париз, во кој во 2015 година загинаа 12 лица.
Од обвинителството во Париз потврдено е дека апсењето е извршено откако француските медиуми јавија дека францускиот државјанин Питер Чериф, познат уште и како Абу Хамза, е упасен во Џибути.
Министерот за одбрана на Франција, Флоренс Парли изјави за радиото РТЛ дека апсењето на осомничениот е „добра вест, зашто тој терорист играл важна улога во нападот на канцеларијата на Шарли ебдо, пренесе Асошиејтед прес.
Чериф и Сауд Куачи на 7 јануари 2015 г. Убија 11 луѓе во канцеларијата на сатиричниот весник и еден полицаец во блиската улица. Неколку дена подоцна, нивниот соработник Амеди Кулибали уби полицајка и уште четири лица во текот на заложничката криза во супермаркет во близина на Париз. Во пресметката со припадниците на француската полиција загинаа тројца напаѓачи. Неименувано официјално лице од судот изјави дека Чериф не е во притвор.