Радикализираниот затвореник кој утрото тешко рани двајца чувари во затвор во Нормандија, беше совладан вечерва во операција на француските специјални полициски единици РАИД.
Жената со која беше забарикадиран во блокот за посети, почина од раните здобиени за време на акцијата.
Француската влада соопшти дека тој напад го оквалификува како терористички. Затвореникот бил осуден на 30 години поради вооружен грабеж, киднапирање, убиства и тероризам.
Специјалците на француската полиција упаднаа денеска попладне во затворот Конде сур Сартр каде 27-годишен радикализиран затвореник повреди тешко двајца чувари со керамички нож. На местото на инцидентот се регистрани серија детонации од шок гранати што ги користела полицијата во почетокот на операцијата, јави МИА.
Чуварите ги нападнал 27-годишниот Мајкл Чиоло извикувајќи Алаху акбар. Чиоло отслужува затворска казна од 30 години поради киднапирање што предизвикало смрт како и за вооружен грабеж. За него има и пресуда за дополнителна една година поради терористички активности во затворот во време на терористичките напади во Париз во 2015 година.
Еден од повредените полициски чувари има повреди на лицето додека другиот има убодни рани во стомакот. И двајцата се хоспитализирани.
Регионални полициски тимови за интервенции и РАИД елитни одреди на националната полиција пристигнале попладнево во затворот каде напаѓачот и негова пријателка се забарикадирани во делот за посети.
Нападот врз полицајците бил извршен утрото околу 9.45 часот. Министерката за правда, Никол Белубе нападот со нож врз двајцата затворски чувари што го изврши осуден исламист го нарече „терористички чин“.