Врската помеѓу познатата руска тв водителка Викторија Бонја и францускиот бизнисмен Пјер Андоран се покажало дека е лага и претстава за јавноста.
Викторија на инстаграм објавила дека трговецот со нафта и сопственик на инвестиционен фонд и платил огромна сума пари за таа да се претставува како негова девојка. По неа и милијардерот ја открил вистината.
Наводната романса меѓу двајцата започнала пролетта 2017 година кога двојката се појавила на црвениот килим во Кан држејќи се за раце. Малку потоа, руската убавица изјавила дека новиот љубовник ја освоил со разговори за црните дупки, квантна физика и со многу интелект.
„Се сретнавме во Лондон. Не запозна мој пријател. Ме освои со умот, со длабочината на мислата и содржината на неговиет зборови“, истакнала тогаш Викторија.
Во септември лани, двојката објавила дека се разделиле. „Љубовнците“ не ја посочиле причината за тоа, а сега стана јасно – тие никогаш и не биле во врска. Наскоро Викторија признала дека Французинот и платил половина милион долари за таа да глуми дека се во врска. Наскоро, со признание излегол и милијардерот.
Според верзијата на Пјер, Викторија зборува „научна фантастика“, но сепак признал дека и дал 500.000 долари за таа да се појавува на јавни места со него.
„Не би имал секс со жена како неа. Ја замолив да не зборува за нас. Мене не ме интересира мислењето на луѓето кои не ги познавам“, рекол тој.
„Не разбирам зошто Викторија раскажува историја. Тоа што го прави е полошо од проституција. Таа е наклонета кон лаги и е прилично лоша личност. Веднаш штом ја запознав добро, решив да ги прекинам односите со неа. Таа живее надвор од можностите и си создава илузија за луксузен живот“, додал Пјер.
Тој признал и дека и го плаќал наемот за апартманот во Париз за време од една година.