На повикот на француските синдикатите на денешните демонстрации против реформата на пензискиот систем  предложена од извршната власт, се појавија според нивното пребројување 885.000 демонстранти ширум земјата, јави дописникот на МИА.

Во Париз според синдикатите имало 180.000 демонстранти, додека независниот  Оккуранс изброја само 27.000.  

Министерството за внатрешни работи сè уште не дале бројка. Синдикатите самите признаа дека учеството на денешните протести е помало од тоа на 5 декември.

На 5 декември, демонстрациите во Париз собраа 250.000 луѓе, според синдикатите, а министерството за внатрешни работи даде бројка од 65.000 луѓе.

Утре извршната власт, преку премиерот Едуар Филип треба да даде детали за најавената реформа на пензискиот систем, а синдикатите веќе најавуваат нов ден на демонстрации и штрајкови.