Рускиот амбасадор во Франција Алексеј Мешков денеска е повикан на разговор во француското Министерство за надворешни работи, јави локалната телевизија БФМ, повикувајќи се на свој извор.

Француското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека има намера да протера руски дипломати, а во извештајот на БФМ се наведува дека се планира протерување на 35 руски дипломати.

Руското Министерство за надворешни работи веќе најави дека ќе одговори на овој демарш на француската страна.