Француската влада претстави национален план за заштеда на енергија во текот на зимата за да се спречи недостиг, објавувајќи им на граѓаните дневни прогнози за снабдување со електрична енергија, како и далечинско исклучување на топла вода.
Францускиот план вклучува мерки слични на оние што ги воведоа другите земји, како што се заштеди на јавното осветлување, греење на пониски температури и намалена потрошувачка на топла вода во државните институции.
Меѓутоа, Париз воведе и нова карактеристика со цел да ги убеди граѓаните да ја намалат потрошувачката – прогноза за снабдување со електрична енергија.
Секој ден, по временската прогноза и помеѓу телевизиските преноси, граѓаните треба да добиваат информации за оптоварувањето на електричната мрежа, придружено со зелени, жолти и црвени симболи кои ќе покажат колку струја има на располагање.
Зелениот симбол ќе покаже дека потрошувачката на електрична енергија е во рамнотежа, а жолтиот симбол ќе означува притисок врз снабдувањето.
Црвените ќе предупредуваат на можен прекин во снабдувањето и ќе им порачаат на граѓаните да ја намалат потрошувачката во периодот од 20 до 12 часот и од 18 до 20 часот, на пример, да ги користат машината за перење и рерната во други периоди од денот.
Мерките за штедење не вклучуваат исклучување на телевизијата, а Владата се надева дека прогнозите ќе стигнат до 80 отсто од граѓаните.
Јавоста беше изненадена од можната директна интервенција во потрошувачката на топла вода.
RTE има опција за далечинско исклучување на топла вода помеѓу 12 и 14 часот, што може да влијае на околу 4,3 милиони домаќинства. Потрошувачката на топла вода ќе биде ограничена со броилото за струја „Линки“.
Париз се подготвува за недостиг на електрична енергија бидејќи повеќе од половина од неговите 56 нуклеарни централи се надвор од функција порњади одржување. Франција произведува значителен дел од својата електрична енергија во нуклеарните централи.