Во неверојатна атмосфера, пред 60 000 гледачи на стадионот Ференц Пушкаш во Будимпешта, со нерешен резултат 1:1 заврши првиот натпревар од деветтиот натпреварувачки ден на Европското фудбалско првенство меѓу Унгарија и Франција.

Повеќе од 60 илјади навивачи на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го поздравија водството на Унгарците преку Атила Фиола. Изедначи Антоан Гризман во 66. минута.

Со средбата Германија – Португалија од 18 часот во Минхен, ќе биде комплетирано второто коло во Ф-групата.