Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на социјалните мрежи објави фотографии од потпишувањето на барањето за членство на Украина во ЕУ.
„Денеска потпишав барање за членство на Украина во Европската Унија. Сигурен сум дека ова е реално“, објави Зеленски
Претходно денеска Зеленски ја повика ЕУ веднаш да го одобри членството на Украина преку специјална процедура.
„Нашата цел е да бидеме заедно со сите Европејци и што е најважно да бидеме еднакви. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека тоа е можно“, рече Зеленски.