Рускиот претседател Владимир Путин разговарала телефонски со својот француски колега Емануел Макрон и му рекол дека Москва е отворена за разговори со Киев, соопшти Кремљ, а пренесуваат белградски Новости.

 Путин му рекол на Макрон дека решението на кризата во Украина е можно само ако безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, кои вклучуваат:

– признавање на рускиот суверенитет над Крим

– демилитаризација и денацификација на украинската држава

– обезбедување на неутрален статус на Украина.

Разговорот траел час и половина. Елисејската палата соопшти дека Макрон го повторил барањето на меѓународната заедница за прекин на руската офанзива врз Украина и ја потврдил потребата од итен прекин на огнот.

– За време на долгиот телефонски разговор на иницијатива на француската страна, рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон имаа сериозна и значајна размена на мислења за сите аспекти на ситуацијата околу Украина – се наведува во соопштението, пренесува Новости.

Се наведува дека во моментот кога започнувале разговорите меѓу руската и украинската делегација, претседателот на Франција побарал на терен да се почитуваат следните три точки: запирање на сите удари и напади врз цивили и места на живеење, зачувување на сите цивили инфраструктура и обезбедување на главни патишта, особено на југ од Киев.

– Претседателот Путин ја потврди својата подготвеност да се ангажира во овие три точки – се наведува меѓу другото во изјавата на Елисеј.

Француската претседателска палата соопшти и дека Макрон повикал на почитување на меѓународното хуманитарно право и заштита на цивилите, како и за испорака на помош, во согласност со француската резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Претседателот на Републиката му предложи на рускиот претседател да останат во контакт во наредните денови за да се спречи влошување на ситуацијата. Претседателот Путин даде согласност – соопшти официјален Париз.

Исто така, било истакнато дека Макрон вчера во неколку наврати се слушнал со украинскиот претседател Зеленски.

– Тој уште еднаш го пофали чувството за одговорност на украинскиот претседател во перспектива на преговорите што почнуваат – истакнаа од Елисејската палата и додале дека Макрон го информирал Зеленски за содржината на разговорите со Путин.