Поранешниот тренер на Јувентус, Марчело Липи повторно е назначен за селектор на кинеската фудбалска репрезентација, само четири месеци по напуштањето на таа функција.
Липи доаѓа на местото на поранешниот дефанзивец на Реал и Јувентус и светски шампион со италијанската репрезентација Фабио Канаваро, кој ја напушти функцијата во април.
Под раководство на 45-годишниот Канаваро, кинескиот национален тим одигра два натпревара на кои загуби од репрезентацијата на Тајланд и Узбекистан.
Липи веќе беше селектор на Кина од 2016 до 2019 година. Замина по елиминацијата во четвртфиналето на Азискиот куп.