Македонската фудбалска репрезентација одигра очајно и беше поразена од Црна Гора (0-1). Освен во првите дваесетина минути, нашите играчи не одиграа апсолутно ништо.

Единствена светла точка беше Елиф Елмас но и тој беше заменет на полувремето.

Стеван Јоветиќ го постигна единствениот гол на мечот во 45 минута од натпреварот по третиот корнер на Црногорците кој го изведе Цамај.

Измените кои ги направи селекторот Благоја Милевски во второто полувреме не беа доволни за Македонија да избегне пораз.

Мечевите во Турција можат да се сметаат за неуспешни за Благоја Милевски по „сиромашните“ 1-1 против Молдавија.

Во јуни Македонија ќе одигра уште две пријателски средби против селекциите на Хрватска и Чешка и со нив ќе ги продолжи подготовките за настапот во Лигата на нации.