Со одигрување на трите последни бараж натпревари од синоќа познати се сите учесници на Европското фудбалско првенство 2024. Дваесет репрезентации пласман изборија врз основа на резултатите од квалификациите, три преку плејофот од Лигата на нации, а автоматско учество доби домаќинот Германија.

Целосен состав на групите на завршниот еврошампионат:

Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија.
Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија.
Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија.
Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција.
Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина.
Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка.

Евро 2024 ќе се одржи во 10 градови во Германија од 14 јуни до 14 јули. Во воведниот натпревар Германците ќе играат против репрезентацијата на Шкотска, средбата ќе се одржи во Минхен. Финалето на турнирот ќе се одржи во Берлин.

Актуелен европски шампион е селекцијата на Италија.

Фото: ЕПА