Иранската фудбалска репрезентација е првиот учесник на Светското првенство во 2018 година кој пристигна во Русија. Доцна синоќа Иранците се сместија во базата на Локомотива во Баковка.
Тимот се сретна со претставници на администрацијата на Одинцовската област, но настанот беше затворен за медиумите.
Пред првиот официјален натпревар на Светското првенство со Мароко, Иранците ќе играат пријателски натпревар со Литванија.
Според прелиминарните информации, овој дуел ќе биде од затворен карактер, а ќе се игра во база во Баковка.