Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо синоќа во Таиф постигна гол против Монастир (4:1) во натпреварот од 2. коло на клупскиот куп на арапските шампиони. Португалецот го погоди противничкиот гол со глава во 74. минута за во тој момент водство на неговиот тим со 2:1.
За Роналдо овој погодок беше 145. со глава во кариерата. Тој изби на првото место во оваа статистичка категорија во историјата на фудбалот.
Португалецот го престигна германскиот напаѓач Герд Милер, кој со глава постигна 144 гола во кариерата. Шпанецот Сантиљана е трет со 125 удари со глава, додека Бразилецот Пеле е четврти со 124.