Јапонскиот Парламент денеска го избра Фуми Кишида за премиер, кој го наследи Јошихиде Суга, кој поднесе оставка по помалку од една година на функцијата.
Со оглед на тоа што Либерално-демократската партија (ЛДП) на Кишида и нејзиниот коалициски партнер имаат мнозинство во двата дома на парламентот, тој победи со удобно мнозинство против Јуки Едан, лидер на најголемата јапонска опозициска партија, Уставната демократска партија на Јапонија.
Кишида и неговиот кабинет ќе положат заклетва на церемонијата во царската палата подоцна денеска.
Телевизијата НХК и ТБС, повикувајќи се на извори во ЛДП, јавија дека Кишида планира да закаже избори за клучниот Долен дом на Парламентот за 31 октомври. Според изворите, тој планира да го распушти Долниот дом на 14 октомври, а изборната кампања да почне на 19 октомври.
Рејтингот на партијата падна за време на Суга кој поднесе оставка главно поради управувањето со ковид-кризата и неговата непопуларна одлука да се одржат Олимписките игри во Токио.