Постојано не понижуваат и притоа самите себе се понижуваат, јас мислам дека тие луѓе немаат сон, не се спокојни, совест постојано им е нечиста и ги молам да престанат, да престанат да го тероризираат народот, им порача владиоката Агатангел на Фрчковски и новинарската ергела која постојано атакува врз МПЦ-ОА и шири лаги за тобожното неединство во неа.
Во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски митрополитот повардарски изјави дека е жалосно што ова го прават луѓе кои не ни влегле во црква и кои најверојатно не знаат ни да се покрстат.
-Навистина е жалосно што ова доаѓа од човек за кој не знам и дали влегол во црква, дали знае да се прекрсти, човек кој нудеше пари за да се промени името, човек кој цел живот манипулира со македонскиот народ, секоја чест на неговата интелигенција и за неговата професија, но со разумот не можеш да сакаш. Се сака само со срцето. Прво го сакаме Христа со срцето, па потоа размислуваме со разумот, и созерцаваме со разумот. Да ја љубиш Македонија, не можеш со разум да ја љубиш, мора со срце да ја љубиш. И сите ние кои опстануваме на овие македонски простори, и ние од црквата и верниот македонски народ, оваа наша света македонска земја, опстануваме од љубов кон Бога, кон црквата и кон нашата самобитност, кон нашата нација. Ние сме народ Македонски, оваа македонска земја нема педа, нема камен каде не е пролеана македонската крв. Нашите предци, нашите илинденци, нашите востаници, нашите партизани оставиле се’, мајка, татко, ги оставије жената и децата, ја земаа пушката и појдоа да се борат за слобода. Од таа слобода прозилезе и обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Ние опстојавме 60 години и еве даде Бог, некој не’ признава некој не не’ признава, на тие што не’ признаваат им благодариме и се молиме за нив, а се молиме и за оние што не не’ признаваат, посочи митрополитот од МПЦ-ОА.
Владиката Агатангел апелира до овие безбожници да престанат со овие злодејанија, со кои и самите се понижуваат.
-И затоа некои, не само господинот Фрчковски, има и други луѓе од вашата бранша кои постојано напаѓаат, постојано не понижуваат и притоа самите себе се понижуваат, јас мислам дека тие луѓе немаат сон, не се спокојни, совеста постојано им е нечиста и ги молам да престанат, да престанат да го тероризираат народот, побара тој во интервјуто со Цветановски.
Запрашан, зошто овие луѓе го прават тоа, кои им се поривите за овие немакеоднски и нехристијански злодејанија, владиката вели дека објаснувањето е едноставно.
-Го прават тоа затоа што имаат некој финансиски интерес, зошто поинаку некој би го правеле тоа, да се понижува себеси, таткото, мајката, бабата, дедото и предците негови и да бара нешто што не е возможно, објаснува владиката Агатангел во „За македонските работи“, порачувајќи дека сето тоа е залудно затоа што се работи за библиска земја и боголик народ од кој започнала христијанизацијата на Европа, нација за која не бадијала синоним е пирејот. Изјави и дека Македонија сега е во сигурни раце и дека има целосна доверба во актуелната влада која на секое поле работи за консолидација на државата, штитејќи ги националните интереси.




