Последниот Европски совет беше запаметен по блокадата за влез во ЕУ на Албанија и Македонија.
Негативниот исход се должи на Франција, според која, пред се во Македонија има коруптивни случаи (меѓу кои и оние откриени од Ла Верита), доволни за да не почне проширувањето. Од тогаш, како во Брисел, така и во Македонија, Франција се смета како големиот предавник на европските идеали.
Францускиот амбасадор во Скопје Кристијан Тимоние е секојдневно под директен напад од страна на телевизиите контролирани од Зоран Заев, а европскиот парламент ги осуди вчера Франција, Данска и Холандија поради тоа што ги блокирале преговорите со двете балкански држави.
Всушност, тврдата позиција што ја имаше Џузепе Конте за време на состанокот на лидерите придонесе за комплетен неуспех на преговорите. Италијанскиот премиер слепо ја туркаше линијата на Федерика Могерини, без да ја модифицира поради променетите состојби, де факто блокирајќи го дијалогот со Франција. Заев, во неговите бројни критики кон Макрон, ниту еднаш не ја споменува улогата што ја одигра Италија, а следствено на тоа во вторник ќе дојде во официјална посета кај Конте со цел да се обиде да најде некои можни решенија.
Примајќи во посета еден премиер кој е осуден да замине во историјата како лидер на држава во којашто граѓаните секојдневно се растргнати од коруптивниот политички и судски систем, со децениски затворски пресуди за тероризам само заради фактот дека протестирале во парламентот, Конте само ја потврдува политичката линија од минатото од владата на Матео Ренци и Лејди Песк (Могерини).
Како што објавивме претходно, договорите помеѓу Ренци и социјалистичкиот албански премиер Рама, заедно со администрацијата на Обама беа тие што го фаворизираа преземањето на власта од страна на македонскиот социјалдемократски лидер Заев. Власт, земена врз база на нелегални телефонски прислушкувања извршени од тајни служби присутни во Скопје, и протести финансирани од Џорџ Сорос.
Истите тие прислушкувања Могерини индиректно направи да бидат валидни измислувајќи си марионета на специјален обвинител што би можел да биде во прилог на политичката борба што ја води Заев. Обвинител кој сега, заради нашите објави кои откриваат криминална злоупотреба на материјалот, се наоѓа во затвор. Како за Заев, така и за Конте, истражувачките активности кои ги правевме изминатите години по однос на меѓународните манипулации кои му помогнаа на Заев да дојде на власт и да изврши мек државен удар, подоцна со воспоставување на коруптивен режим, претставуваат еден не така мал извор на заеднички срам.
Заев и’ должи многу на Италија, и со фактот дека сега во Рим има повторно пријателска влада, убеден е дека повторно ќе наиде на поддршка каква што имал во минатото. Конте од своја страна пак, освен репозиционирањето на надворешната политика на Државата по теркот на Ренци, свесен е дека мора да маневрира со македонскиот случај на соодветен начин со цел да не му излезе нов скандал поврзан со аферата Спајгејт (Spygate).
Без разлика на некои поединечни контрирања внатре во европскиот Совет, Франција одби да ги отвори преговорите со Македонија, пред се’ за да не му даде алиби на Заев да остане на власт. Преговорите сигурно ќе почнат во иднина, но Париз сака тоа да се случи откако македонските граѓани ќе имаат шанса да се искажат на избори. Одбирајќи да го поддржи македонскиот колега сега, премиерот Конте всушност се надева да му даде некаква шанса за останување на власт.
Пишува: Ларис Гајзер