Грејната сезона сѐ уште не е целосно започната, а Скопје веќе е меѓу најзагадените градови во светот. Утринава околу 10 часот во градот беа измерени 129 микрограми ПМ 10 честици на метар кубен. Претходните два дена, пак на врвот на листата со алармантна загаденост беше Куманово, каде ПМ 10 честиците беа 35 пати над дозволената граница, односно над 1800 микрограми на метар кубен.

Локалната власт во Куманово соопшти дека причината за енормната загаденост таму, е болницата која користи мазут во котелот за затоплување. Од Општината известија дека веднаш почнале со аеросолизација, како итна мерка за намалување на загаденоста и алармираа централната власт да издвои средства за целосна гасификација на болницата.