Виктор Осимен заработи повреда на коленото на дуелот со Штутгарт во Лигата на шампионите, а деталните прегледи покажаа дека ќе мора да биде подложен на операција.
Нигериецот, и покрај проблемите со коленото, го одигра целиот натпревар, но неговата состојба дополнително се влошила.
Лекарските анализи откриле истегнување на лигаментите и оштетување на ткиво кое ќе мора хируршки да биде отстрането.
Турскиот шампион ја потврди повредата преку официјално соопштение, но не соопшти колку долго ќе биде без својот најдобар стрелец.
Според турските медиуми, паузата би можела да потрае до крајот на 2026 година.




