На почетокот од идниот месец Меѓугорје уште еднаш ќе стане светски центар на младите, кога ќе почне фестивалот на кој млади од цел свет, освен што пеат и се дружат, се молат и учествуваат во верски процесии.
Феноменот Меѓугорје почна на 24 јуни 1981 година, кога шест деца ја виделе Кралицата на мирот, пишува сараевски „Дневни аваз“ за селото во Босна и Херцеговина, кое е убедливо најпосетеното место не само во оваа држава, туку и пошироко во регионот.
Од тој ден кога шесте деца сведочеа за тоа што го виделе, па до денес, Меѓугорје во Херцеговина го посетиле милиони луѓе од сите континенти во светов. Ако на било кое место во БиХ можете да сретнете на улица гости од Виетнам, Полска, Уганда, Австралија… тогаш тоа е малото село во општина Читлук.
Овој феномен во модерниот свет, кој во ова карстно херцеговско место привлекува милиони посетители од целиот свет, се претпоставува дека од 1981 година до денес Меѓугорје го посетиле 30 милиони луѓе. Тоа ниеден друг туристички центар во БиХ, а ни пошироко, не успеал да го постигне.
Верниците кои доажаат во Меѓугорје ги посетуваат црквата Св. Јаков, Кипот на воскресението на Исус Христос, Ридот на појавувањето – Подбрдо, Синиот крст и Крижевац. Сето тоа, ама баш се, посветено е на Богородичното јавување.
Насекаде има натписи „Сајлент – Тишина“. Нема гласни разговори, нема нагли движења, таму е се спокојно и смирено.
Во состав на ова светилишѕе се наоѓа и Мајчино село, установа за одгледување и грижа на напуштени и бездомни деца. Во Меѓугорје преку цела година се одржуваат и фестивали, а меѓу нив со 20-годишна традиција е Фестивал на младите. Во времето додека се одржува овој фестивал, млади од целиот свет се молат, пеат, сведочат за својата вера, учествуваат во верски процесии, се дружат и разменуваат искуства.
Фестивалот на младите се одржува во првите денови од август и тие денови Меѓугорје е светски центар на младите, од каде на светот му се испраќа порака за мир, љубов и вера.