Денешниот ден во православниот календар на МПЦ е посветен на Св. 45 Никополски маченици.

Овие 45 маченици, меѓу кои се спомнуваат имињата на Леонтиј, Маврикиј, Антониј, Александар, пострадале за време на римскиот цар Ликиниј, во 319 година.

Пострадале во градот Никопол. Биле фрлени во оган, а остатоците во реката Ликос.

Сепак, моштите им испливале на брегот на реката. Некои христијани ги зеле и чесно ги погребале, а подоцна тука бил подигнат храм во нивна чест.

Католиците денеска ја слават Св. Бригита.

Била родена во Шведска, во 1303 година. Се омажила и имала осум синови. Стапила во дружината на свети Фрањо. По смртта на нејзиниот маж живеела аскетски покорнички живот. Основала заедница и отишла во Рим. Напишала многу книги во кои ги опишала сопствените мистични доживувања.

Света Бригита умрела во Рим, во 1373 година.