Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ денеска во Кабул имаше средба со претседателот на Авганистан Ашраф Гани, во рамките на официјалната посета на оваа земја.

Гани со највисоки државнички почести ја прими Грабар – Китаровиќ во палатата во Кабул, и се заблагодари на поддршката што Хрватска му ја дава на Авганистан.

Гани најави соработка со Хрватска со цел авганистанските производи да стигнат на европскиот пазар.

Грабар-Китаровиќ, како што е објавено во хрватските медиуми, рекла дека Хрватска ќе ги продолжи активностите во Авганистан на полето на економијата, здравството, развојот и културата.

Интересно е тоа што Колинда, која публиката навикна да ја гледа во дрес и со „навивачки манири“ на Светското фудбалско првнество во Русија, овојпат според традицијата што ја налага Авганистан таа постојано беше со бела марама на главата.