Советникот за национална безедност на американскиот претседател, Џон Болтон изгледа дека претходно го напуштил имиџот на агресивен дипломат, но промената на неговиот тон во Москва била посебно упадлива. Тој е препознатлив по своите мустаќи, кои и натаму се тука, како и продорниот поглед, но во се друго „новиот“ и „стариот“ Болтон се разликуваат, пишува лондонски Гардијан.

„Стариот“ Болтон ги исмејуваше американските дипломати кои се залага за компромис со противниците на САД. Пред околу една година тој го опиша Путин како „сериски лажго“ одговорен за мешање во американските избори и предупредил: „Со Русија преговараме на свој ризик“.

Но, тоа било пред една година, а Болтон сега е советник за национална безбедност на Доналд Трамп, кој според Гардијан, е претседател чиј дипломатски стил подразбира „ортаклук со диктаторите“.

Минатиот месец Џон Болтон се ракувал со Ким Џонг Ун и со Владимир Путрин, и при тоа, како што наведува весникот, уште и се насмевнувл.

Во директна средба со Путин во средата, Болтон го заменил својот речник полн со „оган и сумпор“ со прилична доза на слаткоречивост.

„Прекрасно е да се биде во Москва. Ја ценам вашата љубезност и пристојност и очекувам да научиме како успеавте така успешно да го организирате Светското првенство“, рекол Болтон.

Гардијан вели дека стариот Болтон во таква ситуација би бил остар кон руската политика во Сирија и Украина.

Овој пат, тој по состанокот со Путин само демантирал дека САД ја напуштиле позицијата кога станува збор за тие држави и дека застанал во одбрана на самитот на кој лидерите ќе имаат можност да се запознаат, дури и кога другиот е вмешан во „такви ужасни работи“.

„Директната комуникација меѓу Трамп и Путин е во најдобар интерес на САД“, рекол Болтон.

Промената на тонот била уште поочигледна кога станува збор за Северна Кореја, забележува Гардијан. Во јануари Болтон рекол дека разговор со Пјонгјанг би бил само „губење време“ и дека единствен може да се разговара за детали за демонтирање на севернокорејското нуклеарно оружје.

Намест тоа, САД ги суспендираа заедничките воени вежби со Јужна Кореја, само затоа што Трамп добил ветување од Ким дека ќе ја уништи локацијата за лансирање ракети.

На многуте прашања за тоа што останало од стариот Болтон, во Москва тој само рекол: „Не се занимавам со тоа што некогаш сум го кажал“.